Ракометарите на Вардар против Кристијанштад од Шведска попладнево го играат последниот натпревар од ЕХФ Лигата на шампионите за 2017 година.
Средбата е закажана за 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански”.
Во претходните натпревари со шведскиот тим Вардар секогаш победувал, а со оглед на моменталната форма и квалитетот на двете екипи се очекува бодовите и денеска да го освои македонскиот првак кој е и актуелен европски шампион.
Полн успех очекува и капитенот Стојанче Стоилов
– Не треба да се опуштиме, досега немаме пораз и се оди добро. Да не ја разочараме публиката на крајот од годинава, вели капитенот Стоилов.
Досега Вардар одиграл пет натпревари со Кристијанштад. На последниот меч кај нив победи со 26-23. Ова е трета сезона по ред како се среќава со тимот од Шведска во групната фаза. Лани исто така првиот меч го играше во Шведска и победи со 28-23, а во реваншот во Скопје триумфира со 32-29.
Вториот македонски претставник во шампионската лига, тимот на Металург кој ги загуби шансите за пласман во следната фаза, вечер од 21 часот игра со Спортинг.