Ван дер Сар: Ајакс може да го елиминира Јувентус во ЛШ

Од:

Извршниот директор на Ајакс, Едвин ван дер Сар го прокоментира четвртфиналниот судир во Лигата на Шампионите, кој ги спротивставува неговиот клуб против Јувентус. Холандскиот тим е сметан за аутсајдер во овој судир, но поранешниот голман, кој бранел и за двата тима, смета дека амстердамци имаат реална шанса да ги отстранат италијанскиот шампион.

– Ова ќе е возбудлив судир против Јуве. Ние сме среќни што сме во четвртфиналето. Тимот играше на високо ниво против Реал Мадрид и се надевам дека ќе ја повториме истата игра и против Јувентус во Амстердам. Играчите веруваат во своите способности, дека можат да го елиминираат Јуве. Имаме млад тим, но додадовме и доволно искуство со привлекувањето на Тадиќ и Блинд. Се уште сме во Лигата на Шампионите и имаме свои шанси против Јувентус, откако веќе го победивме Реал Мадрид и игравме одлично против Баерн, изјави Ван дер Сар.

Тој зборуваше и за својот поранешен соиграч од Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, кој сега е ѕвезда на Јувентус, но е повреден и не е сигурно дали ќе може да игра во Амстердам.

– Го познавам Кристијано добро. Игравме заедно 4 години. Знам колку брзо се опоравува неговото тело и колку е силен психички. Тој ќе стори сé за да биде подготвен за натпреварот, бидејќи сака неговиот тим да продолжи напред. Тоа сепак е целта и на Ајакс, додаде шефот.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска