Валверде: ВАР не ме интересира, најважно е да бележиме голови

Од:

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде изјави дека единствената цел пред неговиот тим во претстојното „Ел Класико“ е да постигнува голови. Тој не е заинтересиран за темата со ВАР, која на големо се дебатира во последните недели.

– Ова ќе биде стоти натпревар за мене. Би се радувал ако победиме, не би одбил. Но не се знае, тоа е „Ел Класико“. Сакаме да го елиминираме Реал, но навистина ќе биде тешко. Влегуваме во натпреварот со резултат кој не е добар за нас. Сепак, треба да сме со став дека судирот е отворен. Ќе биде атрактивен судир за навивачитеж, изјави Валверде.

Тој вели дека целта е да се постигне гол во дуелот на „Сантијаго Бернабеу“.

– Секогаш сме го правеле тоа и ќе го направиме и сега. Само треба да го напаѓаме противничкиот гол. Да, играме добро на „Бернабеу“, но минатите резултати не можат да ти гарантираат успех во иднина. Можеби историјата тие насочува до одреден степен, но ние не треба да се потпираме на статистика, туку да размислуваме како да победиме. ВАР? Ние не сме загрижени за ВАР. Ние ќе ја почитуваме оваа технологија. Спорови секогаш се присутни во фудбалот, како и во други спортови. Ќе пробаме да победиме против Реал и ќе оставиме се останато зад себе, додаде тренерот.

 

Би можело да ве интересира

Два гола на Англичанецот за победа на Реал Мадрид против Барса

Воз усмрти четири лица во Барселона

Барселона се ослободи од играчот кој беше голем проблем

Предраг Петровиќ

Скаути на Барселона го гледале Мукоко

ВИДЕО: Турист нападнат од крадци со нож, тепачка и брканици сред Барселона

Предраг Петровиќ

Во судар на возови кај Барселона еден загинат и 85 повредени патници

А1он