ВИДЕО: Турист нападнат од крадци со нож, тепачка и брканици сред Барселона

Од:

Турист е избоден со нож додека се обидуваше да се избори со банда разбојници кои му ја украдоа чантата во Барселона. Туристот синоќа околу 20 часот седнал на пијачка на терасата во Плаза Сант Хосеп Ориол во близина на Лас Рамблас кога му ја украле чантата.

Британецот потрча по разбојниците и успеал да фати еден, а потоа почнаа да се тепаат за чантата пред шокираните набљудувачи. Но, крадецот потоа извади остар предмет од џебот и се обидел повеќепати да го прободе пред да закачи дел од неговото торзо. Британецот не сфатил што се случува додека не го видел сечилото пред лицето, по што го ослободил насилникот кој брзо побегнал.

Еден храбар случаен минувач неуспешно се обиде да ги спречи разбојниците. Сите четворица набрзо беа уапсени. Британецот е згрижен во болница поради повреди кои не се опасни по живот. Прободувањето со нож го сними друг сведок исто од Британија.

Ова не е прв пат да се случуваат напади од крадци на истиот простор, бидејќи истата вечер кога била украдена чантата, во истата населба околу 22 часот се случило уште едно насилство. А во 4 часот утрото се уапсени уште две лица откако во жестока расправија со нож избоделе трето лице.

Каталонската престолнина е секој ден мета на разбојници, само оваа година имало околу 255 напади, банди насочени кон туристите кои го посетуваат прекрасниот град на североисточниот брег на Шпанија.

Оваа недела, фудбалерот на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг, беше цел на вооружена банда која упадна во неговиот луксузен дом, му се закануваше на неговото семејство со пиштоли и железни шипки и побегнаа со накит откако го повредија во пределот на вилицата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Гневните жители на Барселона ги прскаа туристите со вода

(ВИДЕО) Сурова и брутална традиција: Шестмина повредени на првиот ден од трките со бикови во Памплона

Катерина Ѓуровски

Голем протест против масовниот туризам во Малага

Горан Наумовски

Германците пресметаа: Одморот во Хрватска е поскап отколку во Шпанија, Грција и Португалија

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Шпански министер: Мојот израелски колега објави скандалозно и страшно видео