Валверде: Имаме шанса за 3 трофеи, но може да не освоиме ниту еден

Од:

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде изјави дека можно е Каталонците да освојат три титули на крајот на сезоната, па постои шанса и да завршат без ниту едно признание.

„Лос Кулес“ се борат за титулата, Купот и Лигата на шампионите, а утре, 23 април, гостуваат на Алавеш. Средбата од 34-тото коло на Ла Лига е од 21:30 часот, а пред неа тимот од „Камп Ноу“ е на чело на табелата со 77 поени. Барса има 9 бода пред вториот Атлетико Мадрид, на 5 кола пред крајот.

– Ни претстои тежок кмеч. Ова е тим кој добро игра и се брани. Алавеш не е во добра серија, но одигра силна сезона. Имаат шанси за Европа. Можниот пласман таму би било награда за нив. Алавес ќе се обиде да не победи за да земе три поени. Сите во нашиот тим сакаат да ја затворат Ла Лига побрзо. Сè е во наши раце. Претпочитам да бидам оптимист и работите да одат добро. Имаме шанса да ја завршиме сезоната со три трофеи, но можеме да останеме со ниту еден. Сега сме во одлучувачка фаза, изјави стратегот.

Барселона има многу важни натпревари во месец мај. Уште во првиот ден, шпанскиот гигант се среќава со Ливерпул во полуфиналето на Лигата на шампионите, а шест дена подоцна е реваншот на „Енфилд“. На 25-ти истиот месец е финалето на Купот на Шпанија, каде игра против Валенсија.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска