Валенсија победи во „екстра времето“

Од:

Фудбалерите на Валенсија остварија тешка победа против Ваљадолид на синоќешниот натпревар од 30. коло во Примера Дивизија. Победоносниот гол домаќините го постигнаа во судиското надополнување во вториот дел.

На „Местаља“ Валенсија поведе со автоголот на Балензиага во 39.минута, додека Оскар во 71 минута изедначи на 1:1. Стрелец на решавачкиот погодок беше Жонас.

На другите натпревари од оваа рунда беа постигнати следниве резултати: Хетафе – Атлетико Мадрид 0:0, Осасуна – Еспањол 0:2, Селта – Рајо Ваљекано 0:2, Барселона – Мајорка 5:0, Депортиво – Сарагоса 3:2, Реал Мадрид – Леванте 5:1, Реал Сосиедад – Малага 4:2 и Гранада – Бетис 1:5.

Вечерва се игра последниот натпревар, на „Рамон Санчез Пизхуан“ играат Севиља и Атлетик Билбао.

Табела: Барселона 78 бодови, Реал Мадрид 65, Атлетико Мадрид 62, Реал Сосиедад 51, Валенсија 49, Малага 47, Бетис 47,…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска