Валенсија освои само бод кај Реал Сосиедад

Од:

Лидерот до ова коло во шпанската Примера, тимот на Валенсија синоќа на гостувањето кај Реал Сосоедад одигра нерешено 1:1 и со тоа го загуби првото место по 6.коло каде повторно се врати Барселона.

Валенсија поведе во 15.минута преку Карлес Хил, а изедначи на 1:1 Серхио Каналес во 36.минута. Со двата постигнати погодока ова воедно беше и најефикасниот дуел од четирите одиграни вчера.

На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Хетафе – Малага 1:0, Депортиво – Алмерија 0:1 и Кордоба – Еспањол 0:0.

Претходно: Атлетик Билбао – Еибар 0:0, Леванте – Рајо Ваљекано 0:2, Атлетико Мадрид – Севиља 4:0, Барселона – Гранада 6:0, Виљареал – Реал Мадрид 0:2 (во саботата) и Елче – Селта 2:1 (во петокот).

Табела: Барселона 16 бодови, Валенсија 14, Атлетико Мадрид 14, Севиља 13, Реал Мадрид 12, Селта 12,…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска