Валенсија држи чекор со Барселона

Од:

Фудбалерите на Валенсија на последниот натпревар од 4.коло од Примера синоќа ја постигнаа третата победа и се на втората позиција на табелата веднаш зад лидерот Барселона. Валенсија победи на гостувањето кај Хетафе со 3:0.

Водството во 7.минута го донесе шпанскиот репрезентативец Пако Алкасер. На 2:0 зголеми Андре Гомес во 20.та минута, додека конечните 3:0 ги постави Родриго во 72.минута од пенал. Истиот фудбалер веќе во следната минута доби втор жолт картон што значеше исклучување, но домашната екипа не ја искористи предноста од играч повеќе да постигне барем почесен гол.

Хетафе по третиот пораз остана со три бодови на 16.место на табелата.

На чело на табелата е Барселона со 12 бода, пред Валенсија и Севиља кои имаат по 10.

Натпреварите од 5.коло во Примера се играат од денеска до четврток.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска