Успешен прв настап на македонски тим на трката „Ред Фокс Елбрус“

Од:

Македонски тим првпат се претстави на деветтото издание на трката „Ред Фокс Елбрус“ што се одржа викендов на највисокиот врв во Европа „Елбрус“ на Кавказ со 5.642 метри надморска височина.

Ова е прво учество на македонски тим на една од најтешките скајранинг трки во светот и е проект поддржан од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, информираат македонските учесници.

Македонскиот тим го сочинуваа Марјан Бонев, Александар Кирковски и Дејан Тодевски.

Главната трка „Скајмаратон“ на 14 километри со 3.300 метри позитивна денивелација, започна од полјаната Азау со надоморска висина од 2.350 метри до самиот западен врв на Елбрус со 5.642 метри над морето со временски лимит од 7 часа.

Александар Кирковски, од планинскиот клуб „Македон“ ја заврши трката за 5 часа и 35 минути на 26. место и со тоа го постави најдоброто време досега на еден Македонец на врвот Елбрус. Марјан Бонев од „Трекс/ПСД Макпетрол“ заврши за 5 часа и 45 минути на 28. место во генерален пласман. Дејан Тодевски од планинскиот клуб „Македон“ се искачи на 5.350 мнв, но не го исполни временскиот лимит.

Победник на трката, Еквадорецот Карл Еглоф заврши за 3 часа и 24 минути, поставувајќи нов брзински рекорд во искачување на највисокиот европски врв.

Би можело да ве интересира

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради меѓународна ноќна атлетска трка

Евакуирани се планинарите кои останаа заглавени во Националниот парк Триглав

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

Орце Костов

Стотина планинарки и планинари се искачија на Димев Врв на Пелистер

Ана Ололовска