Посебен режим на сообраќај во Скопје поради меѓународна ноќна атлетска трка

Од:

МВР информира дека денеска, од 16.30 часот, ќе има посебен режим на сообраќајот по улиците во централното подрачје во Скопје, поради одржување на меѓународна ноќна атлетска трка насловена како „Низ улиците на Скопје 2023“.

-Трката ќе се одвива со траса на движење од „Порта Македонија“, плоштад „Македонија“, ул.„Никола Вапцаров“, па лево по ул.„Димитрие Чуповски“, потоа десно по ул.„11 Октомври“, лево по ул.„Филип Втори Македонски“, повторно лево по пристапната улица на ГТЦ и десно до целта кај „Порта Македонија“ во Скопје, известуваат од МВР.

Од тие причини, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај, сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.

Би можело да ве интересира

Првомајски протест на Синдикатите, посебен режим во Скопје

Нов протест за даноците на граѓаните кои работеле во странство, посебен режим во Скопје

Катерина Ѓуровски

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

Две трки денеска во Скопје – изменет сообраќај на повеќе локации

Горан Наумовски

Времен режим на сообраќај во недела во Аеродром поради атлетска трка

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради протестот на Синдикатите