Организаторите на Зимските олимписки игри во Пекинг денеска соопштија дека се регистрирани 45 нови инфекции со коронавирус.
Спортистите и членовите на делегациите откриле 25 случаи на зараза, од кои 20 биле откриени на аеродромот во Пекинг, а пет при дневно ПЦР тестирање.
Останатите 20 случаи вклучуваат луѓе кои работат на Игрите, вклучувајќи ги и медиумите