Центарот на МЗТ Скопје Аеродром, Урош Луковиќ има трет најдобар ефект од кошаркарите кои настапија во 22.коло од регионалната АБА лига.
Тој вчеравечер во поразот кај Црвена звезда стигна до 30 индексни поени, реализирајќи 20 поени, девет скокови, шест блокади и по една асистенција и освоена топка.
МВП (најкорисен играч) за оваа рунда е Мајк Цирбес од Црвена звезда со 36 индексни поени.
Со своето постигнување пред Луковиќ е и кошаркарот на Унион Олимпија Зек Рајт со 32 индексни поени.
Во ТОП 5 за 22.коло влегоа и Анте Жижиќ од Цибона со 29, односно Џејкоб Пулен од Цедевита со 28 индексни поени.