Играчот на МЗТ Скопје Аеродром Урош Луковиќ со постигнати 17 поени и 18 скокови собра 36 индекс поени и е најдобриот играч на 19. коло во АБА лигата.
Но, неговата добра партија против Сутјеска остана без ефект за неговата екипа, бидејќи македонскиот шампион го загуби дуелот (71:75).
Второто пласиран на табелата во ТОП 5 е Глен Кејси од Задар со 30 индекс поени, потоа следува Тадија Драгичевиќ од Будуќност со 28, а ист број има и Кинси Милер од Црвена Звезда.
Последен во ТОП 5 за оваа рунда е Марин Розиќ од Цибона со 26.
Луковиќ претходно во ТОП 5 беше и во 16.коло кога беше на петтата позиција.
фото: миа