Украина ја прекина серијата без победа спроти ЕУРО 2020

Од:

Украина ја совлада синоќа на домашен терен Северна Ирска со 1:0 во претпоследниот подготвителен натпревар пред претстојното ЕУРО2020 на кое на 17 јуни во Букурешт ќе игра против македонската репрезентација во рамки на второто коло од групата Д.

Триумфот што за Украинците беше прв по пауза од седум месеци го донесе Олександр Зубков во 10. минута.

– Ова беше многу важен натпревар за нашата самодоверба. Моите играчи покажаа голема желба за победа. Сепак, мораме да продолжиме да работиме на нашата ефикасност во нападот. Во второто полувреме бевме малку уморни, но во целина нашата игра беше добра, оцени по натпреварот одигран во Дњепар, украинскиот селектор Андриј Шевченко.

Украина минатата недела одигра на домашен терен 1:1 против Бахреин, а последната проверка пред ЕУРО 2020 составот на Шевченко ќе ја има в понеделник против Кипар.

Би можело да ве интересира

Саутгејт: Англија треба да го освои Светското првенство за да го заборави неуспехот во финалето на Еуро 2020

А1он

Шкотски весник предлага Манчини да биде прогласен за почесен граѓанин на земјата

Ана Ололовска

Донарума за последниот пенал во финалето: Не славев затоа што не знаев дека победивме

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хаос во Лондон по финалето на ЕУРО, повредени 19 полицајци, уапсени 49 лица

ВИДЕО: Италијанците го донесоа европскиот пехар во Рим

Катерина Ѓуровски

Италија нов европски шампион во фудбал

A1on