Уго Санчез: Меси може да замине во Реал

Од:

Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид, Уго Санчез смета дека најголемата ѕвезда на каталонскиот клуб, Лионел Меси би можел да ја напушти Барселона и да го зајакне токму Реал.

Трансферите на оваа релација се многу ретки, што докажува и податокот дека Хавиер Савиола е единствениот фудбалер кој во последните 14 години ја напушти Барселона и замина во Реал Мадрид.

Санчез кој го напушти „кралскиот “ клуб во периодот помеѓу 1985 и 1992 година смета дека аргентинскиот напаѓач не е задоволен од сегашниот договор, во кој се наоѓа откупна клаузула од 200 милиони евра.

-Меси не чувствува доволна почит од Барселона и неговиот договор мора да биде почитуван. Доколку Барса не се грижи за тоа, сигурно е дека Реал ќе се обиде да го ангажира- порача Санчез.

Неодамна од управата на Барселона порачаа дека на Меси ќе му понудат нов договор, а сегашниот е на сила до 2018 година.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска