УЕФА започна истрага за Рамос, казната е многу веројатна

Од:

УЕФА започна истрага за капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос поради намерно добиен жолт картон во првиот осминафинален натпревар во Лигата на Шампионите против Ајакс. По дуелот дефанзивецот призна дека намерно извршил прекршок со цел да биде предупреден официјално и така да биде казнет за реваншот на „Бернабеу“, а потоа пак да биде на линија за четвртфиналните натпревари, ако Реал се пласира понатаму. Тој собра три жолти картони.

– Ќе излажам ако кажам дека не сум го предизвикал намерно картонот, изјавил Рамос пред новинарите по натпреварот во Амстердам, освоен од неговиот тим со 2:1. Подоцна тој се правдаше на „Твитер“ дека не дејствувал намерно.

Поради својата постапка УЕФА може да го санкционира дефанзивецот со два натпревари казна.

Не за прв пат Рамос си „заработува“ жолт картон против Ајакс во Амстердам, откако го направи истото и во сезоната 2010/11, кога тој и Чаби Алонсо беа избркани од „Амстердам Арена“. Тогаш УЕФА му наложи дополнителна казна.

Би можело да ве интересира

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат

Чеферин: Не сум сигурен дека Реал и Барселона знаат што прават, фудбалот не се продава

УЕФА и ФИФА загубија на суд, Суперлига може да биде формирана