УЕФА воведе четврта замена во продолженијата во ЛШ и ЛЕ

Од:

Од следната сезона во Лигата на шампиони и Лигата Европа ќе биде воведено правило за четврта измена во случај на продолженија во нокаут-фазата, како и можност еден фудбалер иста сезона да игра за два клуба во едно натпреваруавње, соопшти УЕФА.

На тимовите во дополнителните половина час, ако се играат продолжетоци, ќе им биде дозволено да извршат по уште една измена.

Истовремено, овозможено е клубовите во зимската пауза да променат тројца играчи без какви било рестрикции што значи дека еден фудбалер ќе може да игра за два клуба во Лигата на шампиони иста сезона.

На тој начин е избегната ситуација како моментната во Барселона, за која Фелипе Кутињо не може да игра во завршницата на Лигата на шампиони бидејќи во првиот дел играше за Ливерпул.

Најавени се и нови термини за натпревари во Лигата на шампиони и Лига Европа – од 18.55 и од 21 часот по средноевропско време.

Би можело да ве интересира

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат

Чеферин: Не сум сигурен дека Реал и Барселона знаат што прават, фудбалот не се продава

УЕФА и ФИФА загубија на суд, Суперлига може да биде формирана