УЕФА размислува за нови промени во Лигата на шампиони

Од:

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) е под притисок од одделни клубови за Лигата на шампиони да прерасне во проект од затворен тип. За актуелниот формат има гаранции дека нема да се реформира до 2024 година, но веќе се шпекулира дека промени дотогаш, сепак, ќе има.

Во Европската куќа на фудбалот се разгледува опција за додавање на четири дополнителни датуми во календарот, поточно плус две недели за што постојат и неколку теории за зголемување на бројот на натпревари од сезоната 2024/25.

Засега нема прецизни информации во кој дел од календарот ќе бидат вметнати дополнителните натпревари, меѓутоа „Скај Спортс“ пишува дека промени ќе претрпи групната фаза.

Замислата е проширување на групите од четири на шест тима за најбогатите да играат почесто. Со тоа, пак, се отвора дилема дали ќе се задоволат апетитите на најбогатите екипи кои инсистираат на затворена лига со цел повеќе пари и возбудувања.

Втората опција е нешто поотворена. Би опфатила две групни фази, а во втората би влегле осум клубови кои би биле поделени во две групи по четири. На тој начин најбогатите ќе одиграат повеќе меѓусебни натпревари на пролет, а место во полуфинале да има за најдобрите два тима од секоја група.

Би можело да ве интересира

Зидан жали за падот на концентрацијата во финишот на дуелот со Сити

Ана Ололовска

Гвардиола: Не е ништо готово

Ана Ололовска

Сари: Игравме бавно и без агресија

Ана Ололовска

Рамос изедначи анти-рекорд по број на црвени картони во ЛШ

Ана Ололовска

ЛШ: Сити со прва победа над Реал, Јувентус поразен од Лион

Ана Ололовска

Солскјер: Не можеме да сметаме на Лигата на Европа за пласман во Лигата на шампионите

А1он