УЕФА: Рамос нема да биде казнет за повредата на Салах

Од:

Капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос нема да добие санкција поради повредата која Мохамед Салах ја доби по дуелот со него за време на финалето во Шампиoнската лигата. Причината е едноставна – Ливерпул не поднесе жалба до УЕФА.

Европскиот фудбалски штаб официјално објави дека жалбата за таква казна никогаш не била предадена од Ливерпул и случајот не можел да се разгледа.

Сепак, имаше уште една жалба против Рамос за ударот со лакт против Лорис Кариус во 49-тата минута. И за неашпанскиот дефанзивец нема да претрпи никаква казна. Се претпоставува дека одбивањето на УЕФА да го разгледа случајот е поради фактот дека пред предметната ситуација Вирџил ван Дајк од тимот на Ливерпул го турка Рамос во грбот, што доведе до губење на рамнотежа и подоцнежен удар против голманот на „црвените“.

Инаку Салах го напушти теренот со болки во рамото, откако падна на земјата по дуел со Рамос. Многумина фанови сметаат дека фудбалерот на Реал постапил намерно и дури организираа петиции за санкционирање на Шпанецот. Египетски адвокат пак се закани дека ќе го тужи Рамос за 1 милијарда евра.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска