УЕФА ја казни Украина за расистичко навивање пред натпреварот со македонската репрезентација

Од:

Парична казна во износ од 33.000 евра, како и делумно редуцирање на капацитетот на стадионот во Прага на кој идниот месец ќе ја пречека македонската репрезентација и изрече УЕФА денеска на Фудбалската федерација на Украина поради расистичко однесување на украинските навивачи претходно овој месец.

Казните се изречени за расистичко навивање за време на натпреварите кои Украина ги одигра во рамки на квалификациската група Ц за пласман на ЕУРО2024 против Англија на 8 септември и против Италија на 12 овој месец.

Украина ќе ја пречека македонската репрезентација на неутрален терен на 14 октомври во Прага.

Натпреварот ќе се игра на Арената „Летна“ која е со капацитет од 18.000 седишта.

Би можело да ве интересира

Кличко: Украина оди кон авторитаризам, ќе биде иста како Русија

Столтенберг: Tреба да се подготвиме и за лоши вести од Украина

Горан Наумовски

„Блумберг“: Многу е тешка иднината на Украина

Герасимов и Залужни исцртуваат нови граници, Украина може да влезе во НАТО

Горан Наумовски

Во Мариупол е забележано зголемување на радијацијата – 15 пати повисоко од безбедното ниво

Горан Наумовски

НАТО: Мораме да ја поддржуваме Украина