УЕФА: Ериксен е во стабилна состојба, репрезентациите бараат натпреварот да продолжи

Од:

УЕФА соопшти вечерва дека здравствената состојба на Кристијан Ериксен е стабилизирана и данскиот репрезентативец е хоспитализиран, откако колабираше на теренот во финишот на првото полувреме на натпреварот против Финска во Копенхаген во рамки на ЕУРО2020.

„Кристијан Ериксен дише и е контактибилен. Тој е во свесна состојба“, изјави неговиот агент Мартин Шуц.

Како што е соопштено, претставници на данската и финската репрезентација и организаторите на натпреварот на Копенхаген вечерва одржале состанок и побарале натпреварот вечерва да се доигра. Прво ке се доиграат пет минути од првото полувреме, а по пауза од пет минути да се одигра и второто, потврди УЕФА.

Првиот човек на ЕУФА, Александар Чеферин, на Твитер напиша „моментите како овие на животот му даваат друга перспектива. Му посакувам на Кристијан целосно и брзо заздравување и се молам за неговото семејство да има сила и верба. Во овие времиња задништвото на фудбалското семејство е толку силно и што на неговото семејство му посакуваат добри желби и молитви. Слушнав од фановите од двата тима како го изговараат неговото име. Фудбалот е прекрасен а Кристијан го игра прекрасно“.

УЕФА претходно соопшти дека натпреварот меѓу Данска и Финска е прекинат, а официјалниот спикер на стадионот „Паркен“ ги повика навивачите да останат на своите места, бидејќи постои можност натпреварот да биде доигран вечерва.

Ериксен колабираше на теренот пред крајот на првото полувреме и по десетминутна реанимација беше изнесен на носилки.

Би можело да ве интересира

Саутгејт: Англија треба да го освои Светското првенство за да го заборави неуспехот во финалето на Еуро 2020

А1он

Шкотски весник предлага Манчини да биде прогласен за почесен граѓанин на земјата

Ана Ололовска

Донарума за последниот пенал во финалето: Не славев затоа што не знаев дека победивме

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хаос во Лондон по финалето на ЕУРО, повредени 19 полицајци, уапсени 49 лица

ВИДЕО: Италијанците го донесоа европскиот пехар во Рим

Катерина Ѓуровски

Италија нов европски шампион во фудбал

A1on