УЕФА: Без завршена сезона, ќе нема клубови во ЛШ и ЛЕ

Од:

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), според англиски весник „Сан“, ги известила националните Федерации дека ќе останат без претставници во Лигата на шампиони и во Лига Европа, доколку не завршат првенствата за сезоната 2019/20.

УЕФА по пандемијата со новиот коронавирус инсистира да има завршница на националните лиги до 30 јули, рок што е подготвена да го продолжи доплнително за еден месец.

Во некои земји, како Англија, Шпанија и Италија веќе може да се слушнат предлози за поништување на сезоната, но таквата идеја е одбиена од УЕФА, која како аргумент го дава одложеното Европско првенство и верува дека има простор за завршување на националните шампионати.

Би можело да ве интересира

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат

Чеферин: Не сум сигурен дека Реал и Барселона знаат што прават, фудбалот не се продава