Убедлива победа на Кожув над Фени Индустри во натпревар од БИБЛ лигата

Од:

Кошаркарите на Кожув убедливо со 16 поени разлика го победија Фени Индустри во македонското дерби од регионалната Балканска лига (БИБЛ).

Во воведното, 1.коло од втората фаза на ова натпреварување, одиграна во Гевгелија, кошаркарите на Кожув славеа победа против Фени Индустри со 89-73, по четвртини 22:18, 26:22, 20:11 и 21:22.

Најефикасен на натпреварот воедно и во победничката екипа беше Американецот Кенион МекНил, кој средбата ја заврши со 25 поени, а имаше и осум асистенции и пет скокови. Неговиот сонародник Лери Хал придодаде 16 поени за домаќинот, додека 16 пони за гостите од Кавадарци постигна капитенот Кирил Николовски, кој имаше и 10 скокови.

Ова беше натпревар од новоформираната Ц група, во која денеска се одигра и средбата Берое – Сутјеска 104-76.

На табелата водечка е бугарската екипа Берое со шест бодови. Кожув се проби на второто место, пред Фени Индустри и Сутјеска, а сите три екипи имаат по четири бода.

Утре на програмата се средбите од Д групата во која македонското дерби ќе се игра во Скопје од 19 часот, каде Карпош Соколи ќе биде домаќин на Куманово.

Во вториот меч од оваа група се среќаваат Теодо (Црна Гота) и Пеќ (Косово).

Натпреварите во оваа група Куманово ќе ги започне од водечката позиција со пренесени четири бодови, Пеќ и Карпош Соколи кои пренесоа по три бода од првата фаза, односно Теодо ќе стартува од нула.

Би можело да ве интересира

БИБЛ лига: ТФТ поразен на гостувањето во Приштина

А1он

Стартна победа на ТФТ Скопје во БИБЛ лигата

А1он

Академија ФМП ќе учествува во БИБЛ во сезоната 2021/22

Ана Ололовска

БИБЛ му се заблагодари на Милојевиќ кој ја заврши судиската кариера

Ана Ололовска

Koшаркарите на ТФТ „прегазени“ во Бугарија во натпревар од БИБЛ лигата

Жарко Настоски

Куманово подобар од ТФТ во воведното коло од БИБЛ

Ана Ололовска