Куманово подобар од ТФТ во воведното коло од БИБЛ

Од:

Кошаркарите на Куманово го совладаа тимот на ТФТ со 90:83 во македонскиот дуел од 1. коло од Балканскиот сегмент на БИБЛ-лигата.

Натпреварот се одигра вчеравечер во Куманово без присуство на гледачи и беше еден вид увертира за македонското првенство кое треба да почне следниот викенд.

Победникот се наѕираше уште по првото полувреме кое домаќините го добија со 50:38. Сепак гостите од Скопје во последната четвртина стигнаа до изедначување, но немаа сили за целосен пресврт.

Дамјан Робев со 15 поени беше најефикасен во победничкиот тим, кај ТФТ се истакнаа Андерсон со 20 и Харис со 17 поени.

Би можело да ве интересира

БИБЛ лига: ТФТ поразен на гостувањето во Приштина

А1он

Стартна победа на ТФТ Скопје во БИБЛ лигата

А1он

Академија ФМП ќе учествува во БИБЛ во сезоната 2021/22

Ана Ололовска

БИБЛ му се заблагодари на Милојевиќ кој ја заврши судиската кариера

Ана Ололовска

Koшаркарите на ТФТ „прегазени“ во Бугарија во натпревар од БИБЛ лигата

Жарко Настоски

БИБЛ нуди две места за македонски екипи за сезоната 2020/2021

Ана Ололовска