Академија ФМП ќе учествува во БИБЛ во сезоната 2021/22

Од:

Македонскиот кошаркарски прволигаш Навико Академија ФМП ќе учествува во БИБЛ во сезоната 2021/22.

Покрај настапот во домашното првенство и националниот куп, клубот од Кисела Вода пријави учество и во регионалната Балканска лига како еден нов предизвик за наредната сезона.

– Зад нас е успешна сезона во којашто успеавме да се пласираме во полуфиналето на Купот на Македонија и да избориме пласман помеѓу најдобрите осум екипи во домашното првенство. Наредната сезона пред нас е поголем предизвик, освен натпреварите од домашната лига и Купот на Македонија, не очекуваат и натпревари на меѓународна сцена кои ќе бидат пред се искуство и предизвик за нашата екипа, соопшти Академија ФМП.

Претходно од македонските екипи пријава за учество во БИБЛ поднесоа ТФТ и Куманово.

Во лигата сезоната 2021/22 ќе се натпреваруваат и екипи од Израел, Бугарија, Црна Гора и Косово. Регионалното натпреварување кое ќе биде поделено во две групи со по 6 екипи, треба да започне на 5 октомври, по претходно извршена ждрепка која е најавена на 26 август во Софија.

Би можело да ве интересира

БИБЛ лига: ТФТ поразен на гостувањето во Приштина

А1он

Стартна победа на ТФТ Скопје во БИБЛ лигата

А1он

БИБЛ му се заблагодари на Милојевиќ кој ја заврши судиската кариера

Ана Ололовска

Koшаркарите на ТФТ „прегазени“ во Бугарија во натпревар од БИБЛ лигата

Жарко Настоски

Куманово подобар од ТФТ во воведното коло од БИБЛ

Ана Ололовска

БИБЛ нуди две места за македонски екипи за сезоната 2020/2021

Ана Ололовска