Фудбалерите на Јувентус забележаа убедлива победа со 3-0 против Барселона во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите.
До оваа значајна предност италијанскиот првак стигна во мечот одигран пред своите симпатизери во кој 23-годишниот Аргентинeц, Пауло Дибала постигна два гола (7. и 22.минута), а во листата на стрелците се запиша и Горџио Киелини (55).
Вториот натпревар кој требаше да се одигра синоќа меѓу Борусија Дортмунд и Монако беше одложен, по експлозијата која се случи во близина на клупскиот автобус на германскиот тим.
Средбата е презакажана за денеска со почеток од 18 часот и 45 минути.
Два часа подоцна (20:45), ќе започнат преостанатите две четвртфинални пресметки во кои англискиот шампион Лестер го пречекува Атлетико Мадрид, а актуелниот европски шампион Реал во Мадрид ќе игра против минхенски Баерн.