Екипата на Селтик ја оствари најубедливата победа на средбите од плеј-офот за фудбалската Лига на шампиони одиграни синоќа. Шкотскиот првак ја совлада Астана со пет голови разлика и со тоа е најблиску од сите екипи до пласман во групната фаза.
Резултати од првите бараж дуели:
Селтик – Астана 5:0,
Олимпијакос – Ријека 2:1,
Хапоел Бер Шева – Марибор 2:1,
Наполи – Ница 2:0 и
Башакшехир – Севиља 1:2.
На натпреварите одиграни во вторникот:
Хофенхајм – Ливерпул 1:2,
АПОЕЛ – Славија Прага 2:0,
Карабах – Копенхаген 1:0,
Спортинг – СБ 0:0 и
Јанг Бојс – ЦСКА Москва 0:1.
Реванш дуелите се играат на 22 и 23 август.