Турците порачаа: Нема да дозволиме да се укине борењето

Од:

Турција која е кандидат за домаќин на ОИ во 2020 година, објави дека ќе се спротивстави на укинувањето на борењето од програмата, што завчера ја предложи МОК.

„Сметам дека тоа е неправедно. Никогаш нема да дозволиме тоа да се случи“- пренесува ХИНА, дел од изјавата на претседателот на Турскиот боречки сојуз, и двократен олимписки шампион, Хамзе Јерликаја.

Да потсетиме дека борењето е еден од најстарите олимписки спортови. Јерликаја исто така потсети дека, Истанбул е кандидат за домаќин на ОИ во 2020 година, заедно со Мадрид и Токио.

„Ние сме најсериозните кандидати. Да се организираат Игрите без борење ќе биде незамисливо“- додаде тој.

Незадоволството за укинувањето на борењето, го искажаа и јапонските борачи, и Јапонскиот олимписки комитет.

„Незнам воопшто од каде таа одлука. Јас сум толку изненадена, незнам што да направам“- изјави Саори Јошида трократна олимписка шампионка, и девет пати светска шампионка во категорија до 55 килограми.

„Искрено сум шокиран. Немам идеја зошто донесоа таква одлука“- вели претседателот на Јапонскиот боречки сојуз,Томијаки Фукуда.

Извршниот одбор на Меѓународниот олимписки комитет, одлучи да го избрише борењето од ОИ за 2020 година, а МОК на заседанието во Буенос Аирес, во септември ќе ја ратификува оваа одлука каде ќе го избере домаќинот помеѓу три града, Истанбул, Мадрид и Токио.

Меѓународната Боречка Федерација, ФИЛА по оваа одлука, ќе треба да го кандидатира овој спорт за избор во програмата на Олимписките игри. Така борењето би се изедначило, со седум други спортови за ОИ заедно со спортовите како:сквош, карате, качување по карпи, боречки вештини вуши, бејзбол и софтбол, наутички спортови и ролерски спортови, во борбата за едно отворено место на Игрите во 2020 година.

Би можело да ве интересира

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?

Јапонија пред договор со ИОК за организација на Олимпијадата во 2030 година

Ана Ололовска

Русија ќе се кандидира за домаќин на Летните олимписки игри 2036

А1он

Промовирани монографијата и документарниот филм „Македонскиот сон – Ние сме светски шампиони“

Ана Ололовска