Турција се надева дека ќе го добие ЕУРО 2024

Од:

Претседателот на Турскиот фудбалски сојуз, Јилдирим Демирорен, изрази надеж дека УЕФА ќе и ја додели организацијата на Европското првенство во 2024 година.

Главен противкандидат за добивање на ЕУРО 2024 на Турците им е Германија.

– Во Турција се изградени многу модерни стадиони, за разлика од стадионите во Германија, кои се стари и „истрошени“. Со право се надеваме дека ќе ја добиеме организацијата, вели првиот човек на турскиот фудбал.

Досега Турција не била домаќин на ЕП, а во случај да го добие би се играло на 10 стадиони во девет града.

УЕФА одлуката ќе ја донесе за состанокот во Нион закажан за 27 септември.

Би можело да ве интересира

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат

Чеферин: Не сум сигурен дека Реал и Барселона знаат што прават, фудбалот не се продава

УЕФА и ФИФА загубија на суд, Суперлига може да биде формирана