Тројца навивачи на Феенорд уапсени во Неапол

Од:

Тројца навивачи на холандскиот фудбалски клуб Фееноорд се уапсени денеска поради инциденти предизвикани во центарот на Неапол.

И покрај забраната за присуство на вечерашниот дуел Наполи – Феенорд, мала група навивачи од Холандија допатувала во Неапол за да го следи натпреварот од Лигата на шампионите. Дел од нив, меѓу кои и уапсените, фрлаа камења врз органите на редот, и уништија еден полициските автомобил.

Властите во Неапол и УЕФА им забранија на навивачите на Феенорд да присуствуваат на „Сан Паоло“ за да се избегнат инцидентите кои холандските хулигани ги предизвикаа во Рим во февруари пред натпреварот од Лига Европа против Рома. Тогаш беа уништени две од симболичните фонтани во центарот на италијанската престолнина.

Приведување им се заканува на сите холандски навивачи кои ќе се обидат да купат билети за вечерашниот натпревар, бидејќи тоа ќе се смета за прекршување на наредбата на локалната полиција, ги предупреди Феенорд своите навивачи.

Би можело да ве интересира

Неверојатна сцена во Холандија – еден од тимовите играше со 12 играчи, судиите не го забележаа тоа

А1он

Холанѓаните се први четвртфиналисти на СП во Катар

Холандија повторно ги затвора стадионите поради корона кризата

Ана Ололовска

Затворен стадионот на холандски Нец откако се урна една од трибините

А1он

Депај постави нов рекорд во репрезентацијата на Холандија

Ана Ололовска

Вајналдум: Холандската репрезентација со право беше критикувана по натпреварот со Шкотска

Ана Ололовска