Триумф на Реал Мадрид против Хихон

Од:

Лидерот на табелата во шпанската Примера, Реал Мадрид постигна победа на денешниот натпревар од 13. коло. На „Сантијаго Бернабе“ беше поразен Хихон со 2:1.

Двата гола за „кралскиот клуб“ ги постигна Кристијано Роналдо во петтат минута (пенал) и 18. минута, додека голот за гостите го постигна Карлос Кармона во 35. минута. Хихон испушти да освои бод, откако Дује Чоп не реализраше пенал во 78. минута.

На двата досега завршени натпревари Малага го совлада Депортиво со 4:3, а Еибар Бетис со 3:1.

Вечерва играат: Еспањол – Леганес и Севиља – Валенсија.

Утре се играат натпреварите: Виљареал – Алавеш, Осасуна – Атлетико Мадрид, Селта – Гранада и Реал Сосиедад – Барселона.

Последниот дуел од оваа рунда меѓу Лас Палмас и Атлетик Билбао се игра во понеделник.

Табела: Реал Мадрид 33 бодови, Барселона 26, Севиља 24, Виљареал 22, Реал Сосиедад 22, Атлетико Мадрид 21, Еибар 21,…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска