Трите причини поради кои Жардим се врати во Монако

Од:

Повратникот на тренерската позиција во Монако, Леонардо Жардим ги соопшти третите причини поради кои ја прифатил понудата повторно да го предводи тимот од кнежеството.

Жардим се враќа во Монако три месеци по неговата смена кога раководството довербата за тренерската функција му ја додели на Тиери Анри.

– Јас се враќам од три причини. Прво, не кажувам НЕ на луѓето кои ми помогнаа. Имаа голема доверба во мене неколку години. И се враќам за да му помогнам на клубот. Второ, моето семејство е удобно во Монако, се навикнуваме на сè овде. Трето, тоа е чисто спортски предизвик. Верувам дека можеме да се справиме со ситуацијата, да го задржиме клубот во првата лига и да ја подобриме позицијата. Верувам во тимот и во луѓето кои работат овде, изјави Жардим.

Негов најголем предизвик ќе биде Монако да излезе од „зоната на испаѓање“ и да остане во Лига 1 и следната сезона.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Монако го купува Минамино

А1он

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска