Младиот македонски пливач Иван Симоновски освои три златни медали на меѓународниот пливачки митинг „Св. Никола 2012“ во Ниш (Србија).
Дванаесет-годишниот Симоновски, кој е член на пливачкиот клуб „ОРКА 2012“ од Битола, на натпреварите во Ниш победи во категориите: 50 метри делфин каде и го собори националниот рекорд со време од 32.16, 100 метри делфин и 50 метри грбно. Симоновски освои и еден сребрен медал во категоријата 200 метри делфин.
На овој меѓународен турнир учество зедоа 520 пливачи од Босна и Херцеговина, Бугарија, Египет, Грција, Србија и Македонија.