Три пенали, три исклучувања и победа на Атлетико над Севиља

Од:

Фудбалерите на Атлетико Мадрид ја победија Севиља со 2:1 во првиот натпревар од полуфиналето на „Копа дел Реј“ одигран доцна синоќа кој го одбележаа трите пенали по кои беа постигнати головите, како и трите исклучувања.

За Атлетико погодија Диего Кошта во 50. и 71.минута, а успешен изведувач на ударот од 11 метри за гостите од Севиља беше Негредо во 56.минута.

При направениот прв пенал за Атлетико црвен картон доби гостинскиот играч Емир Спахиќ, потоа во слична ситуација на другата страна исклучен беше Диего Годин од Атлетико, а до крајот на мечот Севиља остана и без Фернандо Наваро кој доби втор жолт картон.

Во првиот дуел од другото полуфинале, во средата Реал Мадрид и Барселона одиграа 1:1.

Реваншите ќе се одиграат на 27 февруари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска