Три македонски екипи во БИБЛ лигата

Од:

Според најавите во новата сезона од регионалното кошаркарско натпреварување на БИБЛ лигата ќе се натпреваруваат три македонски екипи.

Улогата на дебитант ја има екипата на Карпош Соколи, која оваа сезона ќе играат и во АБА лигата.
По една сезона пауза, во ова натпреварување ќе се врати и тимот на Куманово (четврто учество).
Оваа екипа последниве денови е активна со ангажманот на неколку играчи и продолжување на соработката со играчи кои и лани беа дел од оваа екипа.

Настапот во БИБЛ лигата ќе го продолжи и гевгелиски Кожув. Оваа екипа ќе ја забележи петтата сезона како член на ова натпреварување. На тренерската позиција во Кожув е наименуван Врбица Стефанов.

Би можело да ве интересира

БИБЛ лига: ТФТ поразен на гостувањето во Приштина

А1он

Стартна победа на ТФТ Скопје во БИБЛ лигата

А1он

Академија ФМП ќе учествува во БИБЛ во сезоната 2021/22

Ана Ололовска

БИБЛ му се заблагодари на Милојевиќ кој ја заврши судиската кариера

Ана Ололовска

Koшаркарите на ТФТ „прегазени“ во Бугарија во натпревар од БИБЛ лигата

Жарко Настоски

Куманово подобар од ТФТ во воведното коло од БИБЛ

Ана Ололовска