Три екипи во борба за две места за осминафиналето во Лигата на шампиони

Од:

Во фудбалската Лига на шампиони денеска ќе се одигра првата половина од натпреварите од последното коло по групи. Вечерва на програмата се средбите од А до Д групите, во кои три екипи од групата Б ќе се борат за двете места кои носат пласман во осминафиналето.

Екипата на Волфсбург која е лидер на табелата го пречекува Манчестер Јунајтед кој заостанува бод помалку зад германскиот тим. Во зависност од исходот на овој меч, своја шанса за пласман понатаму ќе брка и тимот на ПСВ Ајндховен кој пред своите симпатизери ја пречекува московска ЦСКА.

Во групата А, ситуацијата е поинаква. Таму, Реал Мадрид и ПСЖ веќе обезбедија пласман во осминафиналето. Затоа, пак Шахтјор и Малме, кои имаат идентични три бода, ќе бијат битка за третото место кое води во нокаут рундата во Лига Европа напролет. Шахтјор гостува во Париз, додека Малме во Мадрид.

Во групите Ц и Д веќе се познати осминафиналистите. Атлетико Мадрид, Бенфика, Јувентус и Манчестер Сити, обезбедија европска пролет во Лигата на шампиони, но останува да се види кои две од четирите екипи, напролет ќе играат во Лига Европа.

Двојките за вечер (20:45 часот) се:

А група: Пари Сен Жермен – Шахтјор и Реал Мадрид – Малме.
Табела: Реал Мадрид 13 бодови, Пари Сен Жермен 10, Шахтјор Доњецк 3 и Малме 3.

Б група: ПСВ Ајндховен – ЦСКА Москва и Волфсбург – Манчестер Јунајтед.
Табела: Волфсбург 9 бодови, Манчестер Јунајтед 8, ПСВ Ајндховен 7 и ЦСКА Москва 4.

Ц група: Бенфика – Атлетико Мадрид и Галатасарај – Астана.
Табела: Атлетико Мадрид 10 бодови, Бенфика 10, Галатасарај 4 и Астана 3.

Д група: Манчестер Сити – Борусија Менхенгладбах и Севиља – Јувентус.
Табела: Јувентус 11 бодови, Манчестер Сити 9, Борусија Менхенгладбах 5 и Севиља 3.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска