Победа од 3:2 против Мајорка и освојување на три бодови забележа синоќа екипата на Еспањол со што се оддалечи од опасната зона на испаѓање на табелата во Примера Дивизија.
Ова беше првиот натпревар од 20.коло во Шпанскиот фудбалски шампионат. По четири натпревари ќе се одиграат денеска и утре.
Двојките за денеска се: Гранада – Рајо Ваљекано, Сосиедад – Барселона, Хетафе – Севиља и Малага – Селта Виго.
Дербито на колото се игра утре на „Местаља“ каде Валенсија го пречекува Реал Мадрид. Покрај овој натпревар утре ќе играат и: Осасуна – Депортиво Ла Коруња, Ваљадолид – Сарагоса и Атлетико Мадрид – Леванте.
Колото в понеделник ќе го заокружат Бетис и Атлетик Билбао.
Табела: Барселона 55 бодови, Атлетико Мадрид 44, Реал Мадрид 37, Бетис 34, Малага 31, Рајо Ваљекано 31,…