Даниел Гирта од Унгарија попладнево на Светското првенство во Барселона го освои третиот златен медал во дисциплината 200 метри градно на Светските првенства и со тоа го одбрани првото место од Рим 2009 и од Шангај 2011 година.
Тој покрај златниот медал постави и нов европски рекорд и рекорд на светските првенства. Германецот Марко Кох беше втор, а Мати Матсон од Финска трет.
На 200 метри грбно кај мажите победи Рајан Лохте од САД и се закити со вториот златен медал на ова Светско првенство, додека среброто го освоија Радослав Кавецки од Полска со нов европски рекорд, а бронзата му припадна на Американецот Тајлер Клери.
На 200 метри градно кај жените Русинката Јулија Ефимова стигна до златниот медал, а светската рекордерка (од вчера) Рике Мелер Педерсен од Данска го освои второто место. Бронзата и припадна на Мика Лоренс од САД.
Кејт Кембел од Австралија беше најбрз на 100 метри слободно, пред Сара Сјостром од Шведска и Раноми Кромовидјојо од Холандија.
Во штафетата 4 х 200 метри слободно триумфираа Американците, пред Русите и Кинезите.
Утре претпладне во квалификациите на 50 метри слободно ќе плива македонската пливачка Анастасија Богдановски.