Трет заразен со коронавирус во НБА

Од:

Центарот за Детроит, Пистонс Кристијан Вуд, е тестиран позитивен за коронавирус, се вели во извештаите на американските медиуми. Тој е третиот познат НБА играч до денес со КОВИД-19 по Руди Гобер и Донован Мичел од Јута џез. Детроит потврди дека имаат играч со позитивен тест, но не го открија неговото име.

– Ги добивме тестовите денес (сабота) и тие се позитивни. Здравјето на нашите играчи, нашите членови, апсолутно сите во лигата и на оние кои се погодени од вирусот е од најголема важност за нас. Ние ќе ја продолжиме соработката со медицинската заедница. Тимот и самите здравствени власти се во изолација и ќе останат под внимателно набудување во наредните денови, соопштија од Детроит.

„Атлетик“ известува дека Вуд ги почуствувал симптомите на коронавирус во четвртокот и веднаш бил тестиран. Неговиот агент, Адам Пенсак, изјави за „Детроит њуз“ дека „тој е 100 проценти добро“.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа