Карло Анчелото тренерот на Реал Мадрид по трет пат во својата кариера го освои трофејот во Лигата на шампионите.
Синоќешната победа на Реал во дуелот со мадридскиот ривал Атлетико го впиша Италијанецот во историјата. Анчелоти е само вториот тренер кој стигнал до три трофеи во најелитното европско клупско натпреварување, на тој начин достигнувајќи го успехот на Боб Пајсли.
Претходните две титули, Анчелоти ги освои со Милан во 2003 и 2007 година. Сега со трофејот кој го освои со Реал Мадрид успеа да им се придружи на Јуп Хејнкес, Отмар Хицфилд, Ернст Хапел и Жозе Мурињо, тренери кои победувале во Лигата на шампиони со две различни екипи.