Трет планинарски марш Голак 2017

Од:

Викендов планината Голак ќе биде домаќин на стотина планинари од Македонија и Бугарија организирани на дводневниот планинарски марш „Голак 2017“.

Годинашниов марш е посветен на првиот учител по спортско образование во Делчево Никола Боински.

Како што истакна на денешната прес-конференција Љупчо Чучуковски, претседател на ПСД „Голак“ од Делчево и организатор на настанот, досега за учество се пријавиле четири планинарски друштва од Бугарија и пет од Македонија.

– Досега се пријавија планинари од соседна Бугарија и тоа од градовите Карлово, Самоков, Пештера и Софија, како и од Македонија од Скопје, Велес, Штип и Берово, но очекувам до сабота да го потврдат своето учество уште неколку планинарски друштва, рече Чучуковски.

Додаде дека рутата ќе ги води планинарите по сите раритетни места низ планината Голак.

– Тргнуваме на 12 август, в сабота и тоа појдовна точка ќе ни биде новиот црковен храм во Делчево на 595 метри надморска висина, по што ќе продолжиме до манастирот Св. Богородица Балаклија и сѐ до Голак до врвот Чавка на 1.536 метри надморкса висина, каде ќе го посетиме манастирот „Св. Пантелејмон“. Логорот ќе биде поставен покрај спортските терени на 1.400 метри надморска висина, каде е организирана и забава и дружење со планинарите, истакна Чучуковски.

Чучуковски истакна дека маршот кој полека станува традиционален и е единствен во Пијанец, има единствена цел, а тоа е промоција на планината Голак како атрактивна дестинација за љубителите на планината и омасовување на планинарењето како рекреативен спорт во Делчево.

Би можело да ве интересира

Полицијата ги пронајде планинарите кои се изгубија во тетовско

Хорор во Италија: Познат скијач и неговата девојка паднаа во провалија длабока 700 метри

Предраг Петровиќ

Од ФПСМ излегоа со ФБ соопштение во врска со состојбата на алпинистот Здравко Дејановиќ при искачувањето на врвот Лотце на Хималаите

Предраг Петровиќ

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

Планинар преживеа пад од височина од 600 метри

Предраг Петровиќ