Тренерскиот тандем Чави – Иниеста не звучи лошо, вели Андрес

Од:

Шпанскиот репрезентативец Андрес Иниеста го поминува одморот во Барселона пред новата сезона во Јапонија со неговиот тим Висел Кобе. 35-годишниот играч од средниот ред не ја исклучува можноста да се врати во тимот на Барселона како тренер.

– Тренерски тандем Чави – Иниеста не звучи лошо, но за момент не е можно. Не сумкажал дека сакам да водам тим, но како одминува времето, се замислувам се повеќе и повеќе како тренер. Навистина се чувствувам добро, амбициозно и инспирирано. Се забавував минатата година и мислам дека треба да одам од година во година. Продолжувам да имам желба да тренирам, да играм, мотивацијата не ме напуштила, рече „Сан Андрес“ во интервју за „Ел Партидазо де Коп“.

Иниеста го коментираше неговото појавување на тренингот во Барселона во понеделникот, што се покажа како последен за менторот Ернесто Валверде.

– Не беше најдобриот ден за тоа. Не знам дали Валверде веќе знаеше дека си оди. Не беше најдобриот ден за посета, но на крајот го видов мојот тренер, моите поранешни соиграчи, а за тоа нема лошо време, рече Иниеста.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска