Тренерот на Лајпциг со „тркало на казните“ ја зголемува дисциплината во тимот

Од:

Тренерот на Лајпциг, Ралф Рангник, со цел да ја подобри дисциплината на неговите играчи воведе нова метода на казнување.

Во иднина играчите нема да плаќаат парични казни, туку за нивната санкција ќе одлучува „тркалото на казните“.

Тоа претставува спротивна верзија на „тркалото на среќата“, а играчите во зависност од полето на кое ќе застане тркалото ќе бидат казнети со „подготовка на вечера“, „неколку часа работа во клупската продавница“, „тренирање со младинските екипи“ и слично.

– Паричните казни ретко имаат ефект. На играчите многу им е потешко кога ќе им одземете од слободното време, истакна Рангник.

Од германскиот клуб наведуваат дека главна цел им е следната сезона да се вратат во Лигата на шампионите, а преку зголемената дисциплина очекуваат подобри резултати на теренот.

Би можело да ве интересира

Девојче од Србија до смрт ја избоде својата помала сестра во Лајпциг

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Тимо Вернер се враќа во Лајпциг

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска