Тимо Вернер се враќа во Лајпциг

Од:

Германскиот репрезентативец Тимо Вернер го напушта Челси и се враќа во Лајпциг. Двата клуба ги договориле деталите за перманентен трансфер, но сумата се уште не е обелоденета во јавноста.

Вернер играше одлично во дресот на Лајпциг и тоа беше препорака за негов трансфер во Премиерлигата. Челси успеа да го добие неговиот потпис во трката со Ливерпул, но на крајот излезе дека тоа е големо промашување. Тој не успеа да ги оправда вложените средства.

Ова лето и Јувентус сакаше да го добие на позајмица, се споменуваше и меѓу кандидатите за ново засилување на Реал Мадрид, но на крајот тој ќе се врати во неговиот претходен клуб Лајпциг.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

ПСЖ без Меси против Лајпциг во ЛШ

А1он

Лајпциг не знае ништо за трансфер на Вернер на „Енфилд“

А1он

„Лајпциг“ се соочува со обвинувања за расизам откако од меч отстрани Јапонци

А1он

Тренерот на Лајпциг со „тркало на казните“ ја зголемува дисциплината во тимот

Наум Локоски