За прв пат во својата историја, Тотенхем се пласираше во финалето во Лигата на шампиони, откако стигна до победа со 3:2 како гостин над Ајакс со гол во 95-тата минута, дело на Лукас Моура!
Англичаните избришаа два гола негатива за едно полувреме и создадоа уште еден неверојатен пресврт оваа сезона на турнирот! Во директен спор за трофејот, лондонскиот тим ќе се сретне со Ливерпул на 1 јуни на стадионот „Ванда Митрополитано“ во Мадрид.
Ајакс и Тотенхем направија одлично шоу, а во првото полувреме домаќините господареа на теренот и поведоа уште во 5-тата минута преку капитенот Матис де Лихт. Половина час подоцна Хаким Зиеш ја удвои предноста на Ајакс и сè во судирот изгледаше решено.
Оваа сезона сепак за ништо неможе да се кажедека е сигурно и во рок од 4 минути по одморот, Тотенхем изедначи. И двата гола беа дело на Лукас Моура (55, 59), а до крајот имаше неколку инфарктни моменти и погодени пречки и греди од двете страни на теренот. Најинфарктниот момент се случи во 95-тата минута кога Моура го оформи својот „хет-трик“ и ги рангираше „петлите“ за финалето!