Тотенхем се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите на исклучително драматичен начин, откако го елиминира Манчестер Сити во англиското четвртфинале. „Петлите“ продолжуваат напред по победата на „Вембли“ со 1:0 пред една недела и пораз од 3:4 во неверојатен трилер на „Етихад“. Ривал на лондонскиот тим ќе биде холандски Ајакс, кој го елиминираше Јувентус.
Реваншот помеѓу Манчестер Сити и Тотенхем понуди првокласно шоу од првата до последната минута. Во првите 11 минути, се случи нешто невидено за натпревар на ова ниво, откако беа постигнати цели четири гола.
Резултатот го откри Рахим Стирлинг во 4 минута. Хон-Мин Син изедначи само три минути подоцна, а во десеттата ги изведе гостите до пресврт. Бернардо Силва, сепак, го израмни резултатот само 60 секунди подоцна. Рахим Стирлинг повторно ги донесе „граѓаните“ во водство во 21 минута.
Во 59-тата, Серхио Агуеро го направи резултатот 4:2, што значеше и пласман за „небесно-сините“ во полуфиналето. Во 73-тата, сепак, Фернандо Љоренте реалзираше за 4:3, по интервенцијата на ВАР.
Во додаденото време, Стирлинг ги одведе навивачите на Сити и менаџерот Пеп Гузароса во делириум, но голот беше поништен поради офсајд по разгледување на ситуацијата со помош на ВАР.
Ливерпул од друга страна не сретна тешкотии при гостувањето кај Порто во реваншот од четвртфиналето и во полуфиналето ќе се сретне со Барселона – последното скалило пред големото финале во Мадрид.
„Црвените“ победија со 4:1 на гостувањето на „Драгао“ и со вкупен резултат 6:1 продолжуваат напред.
Сади Мане го отвори резултатот во 28-та минута со првиот удар кон голот на Икер Касиљас. Порто доминираше до паузата, но направи неколку промашувања, по што прими погодок. Во 65-тата минута, Мохамед Салах постигна втор гол за Ливерпул. Едер Милитао намали на 1:2 во 65-тата минута, но повторно Салах и Вирџил ван Дајк го оформија успехот на англискиот гигант.
Ливерпул втора година по ред е во полуфиналето, а паралелно е во борба за титулата во Англија, што ги тера навивачите да сонуваат за неверојатен „дабл“.