Торес го пропушта дуелот со Рајо Ваљекано

Од:

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес поради повреда на глуждот ќе го пропушти реванш натпреварот од Кралскиот куп против Рајо Валекано, соопшти неговиот клуб.

Торес се повреди на тренинг, а деталните прегледи покажаа повреда на глуждот на десната нога. Атлетико не информира кога напаѓачот ќе се врати на теренот.

– Следува физикална терапија, па лесни тренинзи со физички вежби со интензитет во зависност од закрепнувањето, се наведува во соопштението.

Атлетико утре на домашен терен игра со Рајо во обид да се пласира во четвртфиналето од шпанскиот куп по нерешените 1:1 на првиот меч.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска