Топло добредојде за новиот светски шампион Томи Стефановски

Од:

Новиот светски шампион во далечинско пливање Томи Стефановски имаше топло добредојде од најблиските соработници, тренерите и пливачите на клубот Бета по освојувањето на светската серија во маратонско пливање за 2016 година.

Стефановски „Гран при серијата“ ја заврши на првото место во генералниот поредок откако победи на маратонот во Охрид што го прави највозрасен пливач со ваков успех. Томи беше трет на трката одржана на канадското езеро Сен Жен, а со пласманот на шестото место на последната трка од Капри до Неапол, на која триумфираше Евгениј Поп Ацев, новиот шампион Томи Стефановски ја освои титулата победник на Гран При серијата за 2016 година.

Стефановски по маратонот во Охрид најави повлекување од натпреварувањата, но и дека понатаму ќе биде активен во пливањето, како тренер и советник на новите идни македонски маратонци од кои се очекува врвни резултати пред се во далечинското пливање.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска