Тодоров: Во Талин ќе победиме поубедливо

Од:

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Тодоров, по разочарувачкиот пораз (72:81) синоќа од Естонија, остана оптимист дека неговите избраници можат да изборат пласман на Европското првенство 2021.

– Само поради начинот на кој ја одигравме втората четвртина, која ја загубивме со 20 поени разлика, ние не заслуживме да победиме на крајот. Дозволивме да влеземе во брза кошарка која противникот ја наметна, а знаевме дека тоа не смеевме да им го дозволиме. Згора на тоа, Естонците мечот го почнаа со таква агресија каква што е одлика на домашната екипа. Првпат по подолго време игравме пред полна сала, но тоа не го искористивме. Начинот на кој одигравме во второто полувреме, сепак, ми дава надеж дека сме на добар пат и дека можеме многу повеќе. Има нешто во овој состав и сигурен сум дека ќе ја победиме Естонија во Талин со десет и повеќе поени. Пред нас имаме осум месеци за надградување и напредок и сигурен сум дека не е сѐ решено околу патниците за ЕП 2021, изјави Тодоров.

Слично размислува и крилниот центар Шејн Витингтон.

– Одигравме добро второ полувреме, но кошарката е спорт што се игра две полувремиња, а ние не бевме на нивото во првите 20 минути. Естонија е добра селекција, го докажа тоа, ние се боревме до самиот крај, но не успеавме да се вратиме. Ќе се бориме до самиот крај на овие квалификации, нема да се предадеме на следните натпревари“-порача силното крило на нашиот национален тим.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он