Тито повеќе не е тренер на Барса

Од:

Шпанските медиуми тврдат дека вечерва ќе биде објавено дека Тито Виланова се повлекува од местото тренер на Ноу Камп.

Тито Виланова минатото лето го замени на клупата на Барселона Жозеп Гвардиола кому три години му беше помошник, меѓутоа на средината од сезоната мина два месеца на лекување во Њујорк поради рак на грлото.

Во текот на лекувањето на Виланова, екипата ја водеше неговиот помошник Жорди Роура, а кон крајот на сезоната Виланова се врати на кулпата. Барса минатата сезона убедливо ја освои титулата во Шпанија со 15 бодови повеќе од најголемиот ривал мадридски Реал.

Претседателот и спортскиот директор на Барселона, Сандро Росел и Андони Зубизарета најавија вонредна прес-конференција во петок во 20.30 часот по средноевропско време.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска